Дивите таксисти продолжуваат да прават хаос во Кочани – посебно на плоштадот, кој секојдневно се претвора во „див запад“ со непрописно паркирани возила и целосно нарушен сообраќаен ред, нерегистрирани возила и узурпирани пешачки премини и автобуската постројка. Граѓаните сведочат дека дел од овие возачи дури и консумираат алкохолни пијалаци, а потоа продолжуваат да возат, што е сериозна опасност за сите учесници во сообраќајот.
Прашањето е кој ги штити?
Се создава впечаток дека дел од нив уживаат политичка заштита, со години работат нелегално без контрола и претставуваат директна нелојална конкуренција на регистрираните такси-компании кои плаќаат даноци, дозволи и ги почитуваат законските процедури.
Од денес, и Скопје започна поинтензивна борба со дивите таксисти – време е и Кочани да го направи истото.
Законот мора да важи за сите!
Бараме итни мерки, засилени контроли и уредување на овој хаос кој го нарушува угледот на градот и ја загрозува безбедноста на граѓаните.

