Граѓаните реагираат на начинот на кој се изведува новогодишното украсување на мостовите во центарот на градот.
Декорациите се поставени на парчиња дрво, неколку жици и рѓосани цевки, а електричните инсталации се врзани со изолир лента – решение кое отвора сериозни прашања за безбедноста.
Во услови на ветер, влага, дожд и ниски температури, ваквата импровизација претставува потенцијален ризик и за пешаците и за сите учесници во сообраќајот.
Наместо празнична атмосфера, се создава чувство на небезбедност и неодговорност.
Се поставува прашањето: кој дозволи вакво украсување и дали воопшто е извршена техничка контрола? Одговорност мора да има, а јавниот простор треба да се уредува професионално, безбедно и со почит кон граѓаните.




