Од 1 јануари струјата поскапува за сите корисници. Во првиот блок зголемувањето е 2,45%, во вториот 2,87. Третиот блок оди нагоре за 3,32%, а четвртиот за 3,84%. Поскапува и евтината тарифа. Тука растот е за 2,50 отсто. Според пресметките на првиот регулатор Бислимовски, домаќинствата ќе имаат повисоки месечни сметки од 57 до 900 денари, зависно кој колку троши. Ако не се намалеше ставката за мрежарина, фактурите ќе беа уште поскапи.
-Со одлуката за дистрибуција на електрична енергија кај домаќинствата, ја намаливме мрежарината за 4,96%. Само по енергија ако анализираме, пред се заради зголемени трошоци за набавка на електрична енергија од ЕСМ, првиот блок, како енергија зборам само, има зголемување од 6,02%, вториот блок 5,88% третиот блок 5,7%, четвриот блок 4,87% и евтината струја за 10,57% – истакна Бислимовски.

