Граѓаните реагираат дека на кружниот тек кај двојниот мост има лица кои е облечено како полиција, а според нив, станува збор за комунален редар облечен во рефлектирачки елек со натпис „полиција“.
Истото лице, според сведочењата, прави чудни и несоодветни гестови при регулирање на сообраќајот и ги тера заглавените возила да се движат напред иако пред нив има колона возила.
Ваквите постапки се недозволиви и крајно опасни. Регулирањето на сообраќајот е исклучива надлежност на сообраќајната полиција при МВР. Ниту комуналните редари, ниту пак пожарникарите, немаат овластување да ја преземаат оваа улога, особено не со облека што може да доведе до заблуда и лажно претставување.
Државните институции се платени за јасно дефинирани надлежности и одговорности, а ваквото однесување остава впечаток на неорганизираност и импровизација, како да станува збор за новогодишна детска приредба, а не за сериозна сообраќајна регулација во еден од најфреквентните делови на градот.

