Уште еден пожар во Швајцарија ја алармира јавноста за сериозните пропусти во безбедноста во локалите. Според првичните информации, прскалка поставена во шише со алкохол била причина за палење на плафонот, кој бил изработен од лесно запалив материјал – сунѓер, идентичен како оној во трагично познатата дискотека „Пулс“.
Граѓаните со право реагираат и предупредуваат дека слични прскалки сè уште се користат во локални кафе-барови и ресторани, често за време на послужување, без никаква контрола и проценка на ризик.
Ова е сериозен безбедносен ризик, нспекциските служби мора да работат потеренски, поинтензивно и одговорно, неопходно е итно да се провери дали угостителските објекти користат лесно запаливи материјали во ентериерите. Потребна е строга забрана на какви било прскалки, отворен пламен или пиротехнички ефекти за време на служење храна и пијалаци.
Безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет. Трагедиите не смеат да се повторуваат поради негрижа, импровизација и недоволна контрола.

