По цели 6 години од изградбата, денес по втор пат свечено е пуштен во употреба новиот клон „Детелинки“ на Детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани.
Премиерот Христијан Мицкоски и минатата година, на 1 февруари, истата оваа градинка ја пушти во употреба заедно со тогашниот градоначалник Љупчо Папазов. Денес, објектот повторно се отвора – овојпат со малку изменет состав и новиот градоначалник Влатко Грозданов.
Се надеваме дека ова ќе биде последното „отворање“ на истиот објект и дека конечно ќе почне да ја извршува својата суштинска намена.
Градинката е проектирана да обезбеди квалитетна и безбедна нега за 114 деца, организирани во 6 групи, со што директно се зголемува достапноста на предучилишното образование во Кочани.
Децата и родителите не заслужуваат церемонии и политички маркетинг, туку функционални институции што навреме и реално служат на заедницата.



