Со голема радост сакаме да споделиме дека во рамки на проектот #ијассумдете, ДПД Кочани успеа да подели околу 840 новогодишни пакетчиња и да донесе насмевки на многу детски лица.
👉 Најпрво беа опфатени децата од социјален ризик, што е и основната цел на овој проект – да бидеме поддршка таму каде што е најпотребно.
👉 Потоа, новогодишни пакетчиња добија и учениците од двете основни училишта ООУ „Малина Поп Иванова“ и ООУ „Раде Кратовче“.
🙏 Огромна благодарност до сите кои беа дел од оваа хумана приказна:
фирми, индивидуални лица и граѓани кои донираа и несебично помогнаа.
Без вашата поддршка, овој проект во ваков обем немаше да биде возможен.
Заедно покажавме дека кога срцата се споени, радоста е поголема ❤️
Продолжуваме и понатаму – затоа што секое дете заслужува насмевка.
ДПД Кочани

