Ниските температури и снегот што паѓаше во вечерните часови ги претворија тротоарите и дел од улиците во вистински лизгалишта. Граѓаните реагираат дека тротоарите се целосно замрзнати, а општинските служби, според нив, во текот на ноќта не презеле никакви мерки за расчистување и посипување.
До нас пристигнаа фотографии од тротоарот пред спортската сала „Сашо Лазаров – Чапо“, а слични поплаки има и од други делови на градот. Граѓаните бараат итна реакција, пред да дојде до повреди и посериозни последици.

