Заштитната ограда на скалите од АСНОМ кон Градскиот парк и улицата Кеј на Револуција денес е целосно реконструирана и офарбана. По медиумската реакција и стотиците коментари од граѓаните, оваа локација конечно доби изглед на солидно и коректно завршена работа.
Иако изведувачот останува непознат, резултатот овојпат е видлив и прифатлив. Се надеваме дека во иднина ќе се посвети поголемо внимание уште од самиот почеток – како на естетиката, така и на квалитетот и безбедноста на изведбата, без потреба од јавен притисок за да се поправат пропустите.



Заштитната ограда на тротоарот пред спортската сала „Сашо Лазаров Чапо“ е јасен пример како треба да изгледа квалитетно и професионално изведена јавна инфраструктура. Современа, естетски уредна и пред сè безбедна, оваа ограда покажува дека кога има добра изведба и надзор, резултатот е функционален и достоинствен јавен простор. Ваков тип на решенија треба да бидат стандард и пример за сите идни проекти во градот.

