Обвинителството ги товари дека кога ја спроведувале акциската контрола во „Пулс“, не презеле мерки за заштита на присутните лица, ниту мерки за спречување активирање на пиротехничката опрема на сцената, која не била пријавена во ПС Кочани
По одобрувањето на обвинението, сега, како што информираат од Судот, останува предметот да биде распределен преку Автоматизираниот систем за управување со судските предмети – АКМИС, кај судија од одделот за постапување со предмети од организиран криминал, а кој дополнително треба да закаже датум за почеток на судењето.
„Обвинителниот акт против 13 полициски службеници кои се товарат дека сториле кривично дело тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот кој на 16 март 2025 година се случи во објектот „Пулс“ во Кочани, се одобрува во целост“,
се наведува во соопштението од Кривичен.
„Како последица на несоодветните услови за работа во текот на акциската контрола, настанал пожар, при што придонеле за настапувањето смрт на 63 лица, а 223 се здобиле со тешки телесни повреди и телесни повреди“,
наведоа од ОЈО ГОКК дента кога го поднесоа обвинителниот акт.
Од обвинетите 13 полициски службеници, девет се полицајци, а четири се началници – двајца од ОВР Кочани и двајца од СВР Штип.

