На улиците во Кочани може да се забележат импровизирани, спојувани и нерегистрирани возила кои се движат во редовен сообраќај. Граѓаните со право прашуваат – како е можно вакви возила да учествуваат во сообраќајот и да останат „невидливи“ за надлежните?
Станува збор за возила без јасни технички стандарди, без потврда за исправност и без гаранција за безбедност. Тие директно го загрозуваат сообраќајот и безбедноста на сите учесници – возачи, пешаци и велосипедисти. Кој и зошто дозволува вакви возила да се движат по кочанските улици? Дали има контроли? Дали се проверува регистрација и техничка исправност?
Законот треба да важи еднакво за сите. Безбедноста во сообраќајот не смее да зависи од тоа кој управува со возилото, туку од тоа дали ги исполнува законските услови.
Граѓаните очекуваат засилени контроли и доследна примена на прописите – затоа што безбедноста нема компромис.

