Спортското игралиште и детското игралиште во населба Сиви Дом се оставени во очајна состојба. Обраснати со трева, полни со отпадоци, со оштетени реквизити – простор што треба да биде место за игра, спорт и детска радост, денес изгледа запуштено и небезбедно.
Очигледно е дека општината нема јасен план за редовно одржување и надзор. Без систем, организација и одговорност, работите со години стагнираат. Станува збор за најмладите. Хигиената и безбедноста мора да бидат приоритет, а не споредна работа.
Децата заслужуваат безбедно и чисто место за игра. Време е институциите да покажат грижа со конкретни активности, а не само со предизборни ветувања.

