Граѓанин реагира дека на улица Бел Камен е поставен далекуводен кабел со висок напон на длабочина од околу 50 сантиметри, а веднаш до него минува водоводна цевка.
Се поставува прашањето – кој вршел надзор и кој дозволил вакво изведување?
При најмал дефект на водоводната мрежа и интервенција за откопување, речиси е сигурно дека може да дојде до оштетување на кабелот, што сериозно би го загрозило животот на работниците и жителите во близина. Ова не е прашање на политика, туку на безбедност.
Инфраструктурата мора да се изведува по стандарди и со стручeн надзор, особено кога станува збор за висок напон и вода – комбинација што може да биде фатална.
Во изминатиот период постојано се алармира за нестручно работење и за поставување на несоодветен менаџерски кадар. Последиците од таквиот пристап се гледаат токму на терен.
Потребна е итна проверка од надлежните институции, стручен увид и јавно образложение. Безбедноста на граѓаните не смее да биде компромитирана поради нечија негрижа или нестручност.

