Сообраќајна несреќа се случила попладнево на регионалниот пат Кочани – Виница регионален пат, поради што сообраќајот на овој патен правец бил во прекин.
Според неофицијални информации, несреќата се случила околу 13:44 часот во Кочани, при судир меѓу патнички возила Mazda и Volkswagen Polo.
Едно лице починало на местото на несреќата, додека неколкумина повредени со возила на Итната медицинска помош се пренесени во Општата болница – Кочани.
На местото на несреќата интервенирала и екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани, која работела на извлекување на починатото лице од возилото.

