Според неофицијални информации, во Зрновци е регистриран тежок кривичен настан, при што наводно е силувано и убиено женско лице.
Во моментот, на местото на настанот се присутни службени лица од Полициска станица Кочани, кои вршат првични истражни дејствија и увид.
Надлежните институции сѐ уште немаат излезено со официјални информации, а повеќе детали се очекуваат во текот на денот.
Апелираме на внимателност и воздржаност од ширење непроверени информации сѐ додека случајот не биде официјално потврден.

