Денес, без никаква претходна најава, вработените во Артекс ЛТД Кочани кои работеле на неопределено време, добиле известување дека фирмата се затвора.
Според нивните сведоштва не им се исплатени платите, не е исплатен К-15, им било понудено спогодбено раскинување на договорите, кое одбиле да го потпишат.
Вработените, многумина со над 20 години стаж во фирмата, во солзи раскажуваат дека често работеле и без целосно регулиран работен однос. Според јавно достапни податоци, компанијата постои од 2005 година, имала околу 80 вработени и во 2025 година остварила приходи од над 70 милиони денари.
Сега, одеднаш – затворање без објаснување и без исплата на основните права на работниците. Ова отвора сериозни прашања како е можно фирма со активна состојба да се затвори преку ноќ? Кој ќе ги заштити работниците? Дали институциите ќе постапат?
Работниците не се бројки – тие се луѓе кои вложиле години труд и живот во оваа компанија. Очекуваат одговори, но пред сѐ – правда.

