По бројните реакции на граѓаните, општината конечно реши да направи делумна промена на сообраќајниот режим. Кракот од улица „Маршал Тито“ кој се спојува со улица „Димитар Влахов“ ќе премине од еднонасочен во двонасочен сообраќај, по поставување на нова сигнализација.
Поставувањето на сообраќајните знаци е најавено за понеделник, 6 април, по што ќе започне примената на новиот режим, во координација со полициските служби.
Граѓаните се повикуваат да не паркираат возила на овој потег за да се овозможи непречено изведување на работите.
Останува прашањето – дали ова ќе биде доволно за решавање на хаосот, или се потребни посеопфатни промени во сообраќајот низ целиот град.

