Само еден месец по одбележувањето на годишнината од големата трагедија, Кочани доби нов тендер – овојпат за хотелско сместување во странство за потребите на општинската администрација.
Договорот е склучен со ЊУ ВЕЈС ОФ ТРАВЕЛ ДООЕЛ Скопје, со важност од 16.04.2026 година и времетраење од 1 година. Станува збор за договор во вредност до 1.180.000 денари (со ДДВ), наменет за службени патувања поврзани со меѓународна соработка и ЕУ проекти.
Во време кога граѓаните очекуваат фокус на решавање на локалните проблеми и подобрување на условите за живот, ваквите одлуки отвораат прашања за приоритетите.
Никој не спори дека институциите имаат обврски, но тајмингот и чувството за одговорност кон јавноста се подеднакво важни.
Граѓаните заслужуваат транспарентност, отчетност и јасни приоритети – особено во чувствителни моменти за целиот град.

