Додека граѓаните очекуваат решенија за секојдневните проблеми, Кочани продолжува со склучување договори за патувања во странство. Станува збор за договор за набавка на авионски билети, склучен на 31.03.2026 година со ТАЈМ ТО ТРАВЕЛ ДОО Скопје, со времетраење од 1 година или до исцрпување на средствата.
Вредноста на договорот изнесува 800.000 денари без ДДВ, наменети за европски и интерконтинентални патувања во економска класа за потребите на општинската администрација.
Агенцијата ќе наплаќа фиксна провизија по билет, а обврзана е да доставува најмалку две понуди во рок од 1 ден, со приоритет на директни и нискобуџетни летови. Иако процедурите се законски дефинирани, останува прашањето – дали ова се вистинските приоритети во момент кога градот се соочува со бројни инфраструктурни и комунални проблеми?
Граѓаните очекуваат поголема одговорност, транспарентност и насочување на средствата таму каде што се најпотребни.

