Фонтаната во Трговскиот центар во Кочани, симболично изведена во форма на зрно ориз – по кое градот е препознатлив, со години е оставена без грижа.
Неисправни прскалки, прегорени LED ленти, нечистени плочки… Фонтаната работи повремено, а најчесто е исклучена. Некогаш редовно се одржуваше, се полираше и секоја пролет беше подготвена да го разубави просторот. Денес – запоставена слика во центарот на градот.
Се поставува логично прашање: зошто нема редовно, месечно одржување? Зошто се трошат средства на проекти, а нема план за нивно одржување и долгорочна функционалност?
Градските симболи не се прават за да бидат заборавени. Потребна е грижа, континуитет и одговорност – за да служат на граѓаните, а не да пропаѓаат пред нивните очи.

