Во целост ви ја пренесуваме објавата од Супорт Кочани:
Сакаме да им се заблагодариме на сите хумани луѓе кои покажаа солидарност и емпатија во нашите најтешки моменти. Вие ни дававте сила и храброст сите овие месеци да помагаме на нашите сограѓани. Ние иако уморни, психички и физички, после скоро 6 месеци, сеуште не се откажуваме и напорно работиме.
Супорт Кочани не застанува тука – ние како волонтери со можеби не толку голема енергија, но со иста љубов, мотивација и истрајност ќе продолжиме да работиме и да постоиме.
Како што ветивме од самиот старт -нема да дозволиме Кочани да биде заборавено.
Од се срце,
Support Kocani ❤️

