Експресниот пат има по една сообраќајна лента во секоја насока, кои меѓусебно се разделени со полна или со испрекината линија зависно од конфигурацијата на теренот.
На експресниот пат не е дозволено движење на пешаци, велосипеди, трактори и други бавни возила.

Секое движење со возилото во лентата за застанување претставува сообраќаен прекршок и подлежи на глоба согласно законот. На експресниот пат забрането е полукружно вртење, застанување и паркирање, освен на предвидените места.

Престигнување на непрегледни делници, на кривини, со возење по лентата за сопирање или со газење преку полната линија, е строго забрането и претставува сериозен ризик.Таквите сообраќајни маневри често завршуваат со несреќа која може да предизвика тешки повреди… и загубени животи.

Доколку се приближува возило кое има намера да престигне друго возило, возачот на возилото кое се престигнува не смее да ја користи лентата за застанување со цел да „направи” простор за да биде престигнато – тоа е лента исклучиво за застанување по потреба, никако за возење.
Не брзај – едно незаконско престигнување може да биде твоја последна одлука.

