Министерката јавно на 11-ти Август изјавува дека се залага за едносменска настава и за намалување на трошоците во училиштата, но истото Министерство доставува документ до претседателот на Советот на Кочани со кој се овозможува двосменска настава со паралелки од само 2–3 ученици?
„Тој е почнат, добро се одвива и понатаму ќе се одвива. Верувам дека најголем дел ќе успееме да го завршиме во еден мандат, но верувам дека и тие што ќе дојдат после нас ќе го продолжат затоа што тоа е исклучително важно за квалитетот на образованието и во корист на учениците“, посочи министерката за образование и наука.
Таа го најави воведувањето на едносменската настава уште минатата година, посочувајќи дека тоа функционира во високо развиените земји.
Уште поскандалозно – официјалната објава на страницата на Министерството е избришана.
Дали тоа значи дека станува збор за партиски притисок и обид да се прикрие превработеноста во кочанските училишта во пресрет на изборите?
Граѓаните заслужуваат јасни и чесни одговори, а не манипулации и политички игри на грбот на децата и образованието!

