Денеска го славиме 8-ми септември, денот кога граѓаните на Република Македонија пред 33 години со гордост и единство ја избраа самостојната и независна држава.
Овој историски датум е симбол на борбата, достоинството и визијата за слободна татковина, но и потсетник дека независноста не е подарок – туку обврска што треба секојдневно да ја чуваме и градиме.
Нека 8-ми септември биде инспирација за сите нас – да останеме обединети, да ја сакаме и развиваме Македонија и да обезбедиме подобра иднина за идните генерации.
Да ни е честит Денот на независноста!

