Со овој зафат ќе се обезбеди побезбедно и поквалитетно движење на пешаците, особено на учениците и граѓаните кои секојдневно ја користат оваа делница.
Реконструкцијата предвидува уредување и израмнување на тротоарната површина, што значително ќе придонесе за подобра инфраструктура и уреден изглед на овој дел од градот.

