Жител на Кочани реагира дека со месеци не функционира уличното осветлување на улицата „Димитар Влахов“ кај Катастарот, во самиот центар на градот.
Наместо осветлен и безбеден простор, овој дел навечер е во целосен мрак. Граѓаните велат дека се чувствуваат небезбедно и очекуваат одговорните институции итно да реагираат и да ја решат оваа состојба, бидејќи станува збор за дел од строгиот центар на Кочани, каде вакви проблеми не смеат да се дозволат.

