Наместо уредени тревници и зеленило покрај Кочанска Река, граѓаните секојдневно гледаат жолти и исушени површини, уништени и одамна отстранети украсни дрвца и запуштени и извалкани клупи.
Ова не е градски парк, ова не е шеталиште покрај реката, ова е запуштена и осиромашена зона која повеќе наликува на пусто напуштено село.
Одговорноста за ваквата состојба е кај КЈП Водовод – одделение „Парк и зеленило“, институција која има јасна обврска да се грижи за јавните површини.
Нередовното косење, недоволното наводнување и целосното игнорирање на проблемот се доказ за недомаќинско работење и негрижа. Граѓаните бараат итна промена на начинот на одржување и јасна стратегија за обновување на зелените површини, бидејќи центарот на градот треба да биде огледало на Кочани, а не пример за запоставеност и неорганизираност.

