Во сабота шест месечен помен 🙏
Ни одлетаа децата.
Да, тоа беа наши деца.
Одлетаа со своите соништа.
Облекоа крилца ангелски наместо матурски облеки.
Облекоа крилца ангелски наместо свадбени облеки.
Деца наши убави…
Одлетаа на место каде нема болка.
Место каде нема тага.
Оти тука премногу ја има.
И тагата и болката.
И ете оваа малечка тажна земја доби голема ангелска војска.
Тие ќе се борат за нас, оти ние не успеавме да се избориме за нив.
Не плачете мајки и татковци,децата со вас се.
Во секој миг со молитва допирајте ги.
Со молитва бакнувајте ги.
Со молитва силно за рака стегнете ги.
Зарем има сила што љубовта ќе ја запре да отпатува?
Па преминува и љубовта, и таа крилца има.
Нежни, невидливи,како на нашите ангели.
Наши деца убави,летајте слободно.
Тесна беше оваа земја со срца ладни за вас милички…
Автор:✍️Билјана Андоновска

