Граѓани реагираат дека започнатото бележење на улиците во Кочани е оставено на половина. Дел од улиците се обележани само делумно, додека други, кои исто така беа најавени за обележување, сè уште не се ни започнати.
Останува прашањето дали фирмата која ја доби обврската ќе си ја заврши работата целосно и навремено, или повторно ќе добиеме уште еден пример на половични решенија кои не ја подобруваат безбедноста во сообраќајот.
Граѓаните со право бараат транспарентност и одговорност – и пред сè, завршена работа до крај.

