Пред самите избори, на површина повторно испливува вистината која одамна сите ја чувствуваме – зад таканаречените „граѓански здруженија“ најчесто не стои искрена борба за јавен интерес, туку луѓе гладни за функции, позиции и лични привилегии.
Години наназад, под превезот на „активизам“ и „граѓански иницијативи“, се криеа поединци кои ја користеа довербата на граѓаните само како трампa за свое политичко унапредување.
Оние што некогаш зборуваа за морал, отчетност и чесност, денес први се редат по листи за советници, пратеници и директори. Наместо да ја покажат својата доследност, тие се претворија во дел од истиот систем против кој наводно се бореа.
Наместо вистински да го бранат јавниот интерес, го продадоа својот глас за лична удобност и фотелја. И токму затоа денес граѓаните со право се разочарани.
Секоја искрена иницијатива се става под сомнеж – дали навистина некој се бори за подобро општество или само ја користи болката и проблемите на народот како скалило кон власт?
Ова е уште една потврда дека паметен народ избира паметно, дека е крајно време да се препознаат тие маски и да се покаже дека граѓаните не се наивни.
За да има промени, мора да се расчисти со лажните борци за правда кои под знамето на граѓанството всушност го гледаат само сопствениот интерес.

