Наместо сплотени и народни кандидати – повторно гледаме луѓе жедни за функција кои прават услуга на партиите
Шест кандидати влегуваат во трката за градоначалник на Кочани на претстојните локални избори, најголем број на кандидатски листи досега вкупно вкупно девет се поднесени за членови на Советот на Општината.
Општинската изборна комисија извести дека кандидатура доставија:
Венко Крстевски – поддржан од група избирачи,
Зоран Тодоров – поддржанод група избирачи,
Влатко Грозданов – поддржан од ВМРО-ДПМНЕ,
Игор Христов – поддржан од СДСМ,
Жаклина Филипова Свеќароска – Левица, и
Даниел Глигоров – партија Единствена Македонија.
Носители на листите се:
Група избирачи – Благица Сабовљевиќ Стоименова,
Група избирачи – Аки Акиов,
Група избирачи – Влатко Здравков,
Партија ЗНАМ – Суад Мехмед,
Партија Левица – Ванчо Мишев,
Партија СДСМ – Александра Коцева,
Партија ВМРО-ДПМНЕ – Александар Андов,
Коалиција Искуство за успех (Либерално-демократската партија Граѓанската опција за Македонија, Интегра-Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на ромите од Република Северна Македонија) – Катерина Христова,
Партија Граѓанска иницијатива ГРИН – Благој Илиевски.
Дали навистина некој се бори за подобро општество или само ја користи болката и проблемите на народот како скалило кон власт?

