Драги браќа, сестри, роднини, пријатели и другарчиња на нашите ангели, денед 16-ти септември се навршуваат 6 месеци откако нашите сакани ангели нè напуштија по трагичниот настан што се случи на 16-ти март во дискотеката„Пулс“.
Во нивна чест и во борбата за вистината и правдата што ја заслужуваат, ве повикуваме сите заедно да излеземе и да дадеме поддршка.
Маршрутата е следна:📍
15:35 – Почеток од Паркот на револуцијата – Кочани➡️ Основен суд – Кочани➡️ Министерство за внатрешни работи – Кочани➡️ Управа за јавни приходи – Кочани📍 Завршување со враќање во Паркот на револуцијата
Овој марш е симбол на нашата заедничка болка, но и наша силна порака:❌ Никогаш повеќе ваква трагедија!❌ Доста беше со манипулации и корупција што одземаат невини животи!
Да се собереме сите заедно, да им оддадеме чест на ангелите и да покажеме дека нивната светлина и борбата за правда нема да згасне. ✨🙏 Ви благодариме за вашата поддршка и присуство.

