Вечерва, под ѕвезденото небо во Паркот на револуцијата, тагата и болката повторно се чувствуваа во секој миг.
Се палеа свеќи, се пролеваа солзи и се споделуваше болката што не може да избледи.
Изминати шест месеци од големата трагедија, а раната е сè уште отворена. Небото блескаше од светлината на свеќите и подигнатите телефони — симбол на споменот и вечната љубов кон оние што ги изгубивме.
Во нивна чест беа пуштени 62 балони, како потсетник на 62 изгубени млади животи и како силна порака дека ваква трагедија никогаш повеќе не смее да се повтори.
Слични собири имаше и во други градови низ државата, каде што граѓаните заеднички ја споделија болката и солидарноста.
🙏 Нека почиваат во мир.




