По нашата реакција за недоволното осветлување на тротоарот на улица „Димитар Влахов“ пред Катастарот, надлежните служби на Општина Кочани реагираа и проблемот е целосно отстранет.
Уличното осветлување е обновено и во функција, што значи побезбедно движење за граѓаните во овој дел од градот.
Упатуваме пофалба до општинските служби за брзата интервенција и апелираме ваквиот пристап да продолжи и во иднина.
Кога институциите навремено реагираат, градот е подобро место за сите нас.


