Во целост ја пренесуваме објавата на ДПД – Кочани:
Во саботата, по повод четири години постоење на ДПД Кочани, организиравме незаборавен меѓународен натпревар исполнет со емоции, знаење и хуманост.
Настанот започна со едноминутно молчење во чест на трагично загинатите деца во дискотеката „Пулс“, по што директорот на ДЗС, г. Стојанче Ангелов, официјално го отвори натпреварот.
Дечињата од детската градина „Павлина Велјанова“ ни приредија емотивен настап, кој внесе ведрина и топлина пред почетокот на натпреварувањата.
На натпреварот учествуваа 11 екипи од Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија и Македонија, кои покажаа извонредна подготвеност и тимска работа. Паралелно со главниот натпревар, организиравме и натпревар за петтооделенци од Кочани, Чешиново, Облешево и Зрновци – со цел да ги поттикнеме младите на учество и учење преку игра.
По завршувањето на натпреварот, членовите на ДПД Кочани изведоа симулациска вежба за интервенција при сообраќајна несреќа – спасување повредени лица од превртен автомобил. Вежбата беше реална, едукативна и инспиративна за сите присутни.
На крајот следеше прогласување на победниците:
Машка конкуренција:
🥇 Прво место: Рогашка Слатина (Словенија)
🥈 Второ место: Окта
🥉 Трето место: ДПД Сашко Гешовски (Кавадарци)
Женска конкуренција:
🥇 Прво место:
Екипата на Софија
Благодарност до сите учесници, организатори, поддржувачи и гости. Заедно го прославивме јубилејот со гордост, енергија и заедништво.




