Нов отворен ден денеска КК Баскет Дино го враќа сјајот на кошарката во Кочани. Вчера салата беше полна со деца, со енергија, со насмевки и со топки што повторно одекнуваа на паркетот.
– Одѕивот беше ОГРОМЕН, а радоста во очите на децата беше најсилниот доказ дека Баскет Дино не е само клуб – тоа е заедница, семејство и љубов кон кошарката. Конечно се вратија тренинзите, дисциплината и сонот што секое дете го носи во себе. Она што се случи денеска не е само обичен тренинг – тоа е победа. Победа на децата, на спортот и на сите што веруваат дека Кочани заслужува да има своја кошаркарска иднина. Ве очекуваме утре во новиот отворен ден на Баскет Дино, сите заедно да започнеме нова приказна и нова страница во клубот. Ве очекуваме утре во 18:30 часот, спортска сала ,,Сашо Лазарев – Чапо”, во уште поголем број.❤️Баскет Дино постои. Баскет Дино живее. Баскет Дино расте. И нема зборови, нема сомнежи и нема пречки што можат да ја срушат таа вистина. – известија од КК Баскет Дино.


