Граѓанин реагира дека на сред коловозна лента се оставени палети полни со бекатон плочки, без ниту еден поставен сообраќаен знак, без предупредување и без известување за градежна активност.
Ова не е само небрижност – ова е тешко кривично дело против безбедноста во сообраќајот.
Многу возила минуваат по оваа улица, а во вакви услови е само прашање на време кога ќе се случи несреќа.
Каде се општинските инспектори? Кој дозволил фирмата да остави препреки на коловоз без соодветен сообраќаен режим? Дали некој ќе одговара ако дојде до трагедија?
Ова е класичен пример за неспособност, неодговорност и можна злоупотреба на службена должност. Граѓаните имаат право да знаат кој стои зад овој хаос, која е фирмата што работи и бараат веднаш да се отстранат палетите и да се воведе ред.
Безбедноста на граѓаните не е играчка, одговорност мора да има веднаш!


