На официјалната страна на Агенцијата за вработување излегоа огласи за наставници и професори со рок за пријавување од само два дена – од 25.09.2025 до 27.09.2025.
Ваквите „огласи“ изгледаат повеќе како формалност за однапред одбрани кандидати, отколку вистинска шанса за сите заинтересирани да се пријават и да имаат фер и еднаква можност за работа.
Иако вршителот на должност градоначалник, Венко Крстевски, јавно изјави дека во институциите има превработеност, сепак продолжуваат да се појавуваат вакви сомнителни огласи – и тоа секогаш пред избори.
Граѓаните со право се прашуваат: дали образованието и иднината на младите се користат само како политички пазар?
Министерката за образование сепак докажа дека се игра со двојни стандарди за Кочани.





