Советот за оцена на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по обвинението К-ООА бр.155/25, поврзано со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, по исполнување на сите законски предвидени услови, донесе Решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост.
Судскиот процес ќе го води судијката Диана Груевска Илиевска. Станува збор за судијка која има 19 годишен судиски стаж, а во јавноста е позната по случајот „Поткуп“ кој заврши со ослободителна одлука за поранешниот премиер Зоран Заев, а таа го водеше и судскиот процес за автобуската несреќа „Ласкарци“.

