Родителите и граѓаните ќе маршираат од „Паркот на Револуцијата“ преку Трговскиот центар и зградата на Управата за јавни приходи до Полициската станица. Оттаму маршот ќе продолжи кон Основниот суд и Обвинителство во Кочани, маршот ќе започне во 16:05 часот.
– Овој марш е симбол на заедништво, достоинство и глас кој бара одговорност. Го посветуваме на ангелите што никогаш нема да бидат заборавени и на борбата за вистината која им ја должиме. Ги повикуваме сите граѓани, без разлика на вера, етникум или политичка припадност, да ни се придружат и заедно да покажеме дека правдата за нашите ангели е над сè – се наведува во соопштението на Здружението „16 -ти Март 2025 г. Кочани“.

