Скандалозната изјава на Мицкоски шредизвика реакција кај родителите на починатите и повредените од страшниот пожар.
Мицкоски кажа дека во Кочани тој и ВМРО-ДПМНЕ, како и Владата, можат да одат со гордо кренати глави, зашто се горди на тоа што го направиле за градот и општината овие 15 месеци.
„Во Кочани слободно можеме да одиме со крената глава и да кажеме што сè сме направиле овие 15 месеци како Влада во Македонија, да ги погледаме сите во очи и да кажеме што ќе направиме следниот период. И како Влада, и како градоначалник и мнозинство во Советот на општина Кочани. Тоа е впрочем целта на едни локални избори“, рече Мицкоски.
Родителите порачаа „Не е време да шетате со крената глава низ Кочани“
Мајка порача на премиерот Мицкоски дека треба да се засрами, а не како што рече на партиска трибина, да оди со крената глава во Кочани. Еден од татковците ги повика своите сограѓани на овие локални избори да не гласаат ниту за СДСМ, ниту за ВМРО-ДПМНЕ, како партии кои цело време се на власт и на локално и на централно ниво.

