Според првичните информации, еден од тешко повредените во сообраќајната несреќа на експресниот пат Кочани–Штип подлегнал на повредите. Уште тројца се со тешки телесни повреди и се хоспитализирани. Ова е уште еден трагичен потсетник дека експресниот пат не обезбедува доволна безбедност за учесниците во сообраќајот.
И покрај бројните предупредувања и претходни несреќи, надлежните институции сè уште не преземаат сериозни мерки за зголемување на безбедноста.
Колку уште животи треба да се изгубат за конечно да се сфати дека пат со само една лента во секоја насока не е решение за 21 век?

