На местото на несреќата во моментов увид вршат екипи од ОВР Кочани. Засега нема официјални информации за причините и последиците, но повторно се отвора прашањето за безбедноста на експресниот пат, каде што за кратко време од неговото отворање се случија голем број сообраќајни несреќи.
Иако беше најавуван како модерен и безбеден пат, реалноста покажа дека ова решение не е достојно за 21 век. Наместо безбедна и современа инфраструктура, добивме пат со само една лента во секоја насока, без доволна заштита и со огромни дозволени брзини што секојдневно ја загрозуваат безбедноста на возачите.
Додека Европа гради модерни и сигурни патишта, ние, за жал, градиме целосно небезбедни експресни патишта, кои стануваат место на трагедии наместо развој.

