Граѓани реагираат дека наспроти СРЦ Бавчалук, долж патот кон браната Гратче, сè почесто има одрони и пукање на карпите. Дел од нив се огромни и веќе видливо напукнати, висат над самиот пат и претставуваат сериозна закана за сите возачи и пешаци кои се движат по оваа делница.
Еден погрешен момент може да значи трагедија.
Апелираме до надлежните институции за итно преземање мерки и отстранување на опасните карпи, пред да се случи несреќа.
Безбедноста на граѓаните мора да биде приоритет, а не последица на трагичен настан.




