Меѓу сите херои од трагичната ноќ во дискотеката „Пулс“, едно име остана засекогаш во сеќавањето на Кочани — Иле Гоцевски, возачот на Брза помош кој имаше над 20-часовна смена, со десетици превезени повредени деца.
Иле не беше само возач. Тој беше симбол на човечност, пожртвуваност и љубов кон луѓето. По тие долги часови исполнети со болка, паника и солзи, легна да одмори… и засекогаш заспа — потрошен од глетките кои никој не би требало да ги доживее.
Токму затоа, предлагаме Општата болница во Кочани да го носи неговото име – „Општа болница Иле Гоцевски“, во чест на човек кој го даде животот служејќи им на другите.
Нека ова биде симбол на благодарност, почит и потсетник дека вистинските херои не бараат признанија – тие само спасуваат животи.
Бог да го прости Иле Гоцевски. Твоето дело никогаш нема да биде заборавено.

