Локалните власти имаат клучна улога во обезбедувањето поддршка и можности за децата во ризик – без оглед дали тие деца живеат или работат на улица, се во судир со законот, се изложени на ризик од злоупотреба на супстанци или растат без родителска грижа.
Локалните власти можат да го зајакнат системот за заштита на децата преку воспоставување Локални совети за превенција и правда за децата, како што е предвидено со законот.
Тие можат да поврзат повеќе сектори вклучувајќи ги тимовите за теренска работа со деца на улица за навремено идентификување на потребите и поддршка – како што е семејна интеграција или алтернативна грижа; и училиштата и услугите на ниво на заедницата во обезбедување поддршка за менталното здравје и животни вештини. Може да придонесат и преку соработка со центрите за згрижувачки семејства да се даде поддршка на нови згрижувачи, со што ќе се обезбеди децата да растат во безбедна и грижлива средина.
Пошироко гледано, локалните власти можат да ги поддржат родителите и старателите и да обезбедат ефикасни услуги во заедницата за превенција, одговор и поддршка на децата и семејствата во ризик, вклучувајќи ги и жените и децата кои доживеале насилство.

