Ден посветен на потсетување дека менталното здравје е исто толку важно колку и физичкото. Во време кога сè повеќе луѓе живеат под стрес, анксиозност и притисоци од секојдневието, неопходно е да зборуваме отворено за проблемите, да бараме помош и да имаме разбирање за оние кои се соочуваат со психолошки тешкотии.
Менталното здравје значи внатрешен мир, стабилност, поддршка и рамнотежа – без него нема вистинско здравје, ниту здраво општество.
Да се грижиме едни за други, да не осудуваме, туку да слушаме и охрабруваме. Разговорот спасува животи.

