Тони Зен и Слаткар прозбореа за нивното искуство од клубот „Пулс“. Задната врата во клубот во Кочани секогаш беше затворена
Види, ај да кажам вака нешто, за тие што не знаат. Не бранам никого, ова го кажувам од лично искуство, сум бил многу пати. Сите што биле знаат дека тој клуб, не само кај нас туку и пошироко беше меѓу подобрите.
Не зборувам за изолација, тоа не навлегувам. Зброрувам, спремен, имаше и врата позади. Мене секогаш ми било, кога одам ма некое место, зошто нема позади врата. Имаше врата, таа отсекогаш беше затворена, не знам зошто. Сакам од позади да влезам, од позади да излезам. Можеби тоа е една од грешките. Јас сум сакал да излезам од позади и сум прашувал: „Абе, може ли од тука?“ Не. Не навлагам…
Потоа Слаткар се надоврза: „Мислам дека било проблем со комшии. Дека се бунеле, гласна музика, па ај да ја затвориме. Дека од таа страна живеат луѓе, има куќи, и мислам дека тоа беше причина што им беше затворена.
-Мене во животот не ми било така. Шок да, но како целото тело да ми беше во тага. И сега во моментов не ми се верува дека отидоа сите деца и колегиве“, рече Тони Зен во подкастот на Стефан Лазаров.

