Слаткаристика и Тони Зен ја продолжија хип-хоп револуцијата која ја започна пред 18 години, со нивниот најдобар концерт досега, вчера (11 октомври) во Арената „Борис Трајковски“.
Во песната „Исти“, гостуваше Никола Нино Васков. Оваа песна со порака дека сите сме исти, раперите ја пееја за Кочани, во чест на младите кои загинаа во пожарот на 16 март и за нивните семејства, а присутните во салата направија ѕвездено небо.
„Светиме за вас, држете се. Ова е наша почит, наш респект, за оние кои настрадаа во Кочани. Да не се повтори“, рече Тони Зен, – Скопје1.мк

