Кочани денес е жив пример за тоа како политиката го победи урбанизмот. Наместо град со ред, план и визија, добивме урбанистички хаос создаден од неконтролирано градење, дивоградби и парцијални урбанистички планови направени според партиски, а не професионални интереси.
Кај нас често недостига пристап за противпожарни и итни служби, а улиците се претворени во приватни дворови и хаотични паркинзи.
За разлика од европските градови, каде што безбедноста, зеленилото и квалитетот на животот се на прво место, кај нас гледаме збиени згради без улици, без приод, без место за паркинг, без јавен простор.
Зеленилото се уништува за сметка на бетон. Новите згради се градат без јасна урбанистичка логика, додека старите проблеми се игнорираат.
Додека Европа гради градови за луѓето, Кочани гради за профитот.
На сликите подолу јасно се гледа контрастот – уреден европски град со план наспроти Кочани, каде владее урбанистичка анархија.
Време е градот да се врати во рацете на стручните, а не на политичарите.


